Радио Милева
не можеше сам против сите...

Синот на Есма си замина од Македонија: Симеон Атанасов разочаран од односот на власта се исели од државата (ФОТО)

Синот на Есма си замина од Македонија: Симеон Атанасов разочаран од односот на власта се исели од државата (ФОТО)

Музичарот Симеон Атанасов, едно од могуте посвоени деца кои легендарната Есма Реџепова – Теодосиевска ги одгледа, беше тој  кој до крајот на животот на кралицата на ромската песна остана покрај неа.

По нејзината смрт и целата негрижа на власта и државата за нејзината културна оставштина која Есма и ја остави на Македонија, Симеон по долга борба со неправдата реши заедно со сопругата, синот и ќерката да се исели од Македонија и да замине да живее и работи во Виена, Австрија.

Разочаран по сите шокови и стресови, по целот грабеж  на имотот и опустошувањето на куќата – музеј која остана  ограбена, искршена, уништена… уште пред да се отвори и сега стои руинирана, оставена во распаѓање, препуштен на забот на времето, уморен од правната битка која стои заглавена во ќорсокак, синот на кралицата Есма не можел веќе да го поднесе сиот тој товар врз себе.

Особено незадоволен од власта и целата инертност и негрижа на државата кон сопствените вредности кои се дел од културниот и националниот идентитет на една земја, музичарот донел тешка, но решителна одлука заедно со семејството да се исели од државата.

„Оваа држава нема никаков интерес за да го заврши тој музеј и да си го земе под своја заштита, затоа што по тестаментите на Стево и на Есма тој и припаѓа на Македонија. И додека се влечеме по судови зградата пропаѓа, таканаречените Реџепови однесоа се’ што бесе вредно, фрлија цела историја во вода, се’ што е градено со години, веќе не постои. Па би ги замолил надлежните доколку некој случајно го види овој мој пост да си ги земе работите во свои раце. Греота е и срамота пред целиот свет сто дозволуваат ова да се случува. На крај само можам да го кажам следново – Мајко не ви се исполнети желбите. Почивај во мир“ – напиша синот на Есма во своето  јавно обраќање до државата Македонија во 2019-та година, на тригодишнината од нејзината смрт.

Оттогаш до денес работите очигледно не само што не се поместени од мртва точка, туку и дополнително се правно искомплицирани, откако внуците од браќата и сестрите на Есма ги оспорија тестаментите, па со години се чека на судска разврска на случајот, а државата и понатаму „мува не ја лази“ за нејзиното културно наследство.

„Ако сегашната власт нема ништо направено за Никола Бадев, Кирил Манчевски, Васка Илиева, Вања Лазарева, итн… што би можеле ние да очекуваме од власт која што не го прифаќа единствениот музички храм кој го оставија Есма и Стево Теодосиевски, кои што имаа желба тој дом да биде музеј, музичко школо, секој доајен на македонската музика да добие своја соба, амфитеатар и уште многу дејности кои што би ја чувале македонската уметност“ – вели Атанасов во изјава за „Фокус“. 

Симеон своето заминување од Македонија и јавно го најави и обзнани на социјалните мрежи, поточно на својот Фејсбук, по што ја доби поддршката од голем дел од своите колеги, музичките автори, како и од естрадните новинари.

 

Во Виена музичарот вели дека ќе се занимавам со менаџмент во „К1 music production“  како што се вика продукција на неговиот син Стево Атанасов која е во преговори со сите балкански продуценти со кои планираат да потпишат договор за копродуцирање на голем број балкански ѕвезди.

Сепак, надежда дека сонот на неговите „родители“ и музички учители Стево и Есма Теодосивски еден ден ќе се оствари не стивнува.Можеби семејството сепак ќе се вразуми и најде начин да се договори, а спомен-куќата на Стево и Есма можеби сепак државата ќе се сети да ја возобнови и музејот да го отвори.

Фото: Фејсбук принтскрин/Simeon Atanasov

 

Останати вести од Радио Милева