Радио Милева
хаос

Шварценегер не успеал да ја избегне незгодата: Со автомобилот удрил жена на велосипед (фото)

Шварценегер не успеал да ја избегне  незгодата: Со автомобилот удрил жена на велосипед (фото)

Арнолд Шварценегер вчера со автомобил удрил жена која возела велосипед во Западен Лос Анџелес, пишува TMZ.

Според извештаите, до несреќата дошло кога жената излегла на спротивната лента, а несреќата не можела да се избегне.

 

 

Жената набрзо била пренесена во болница, додека актерот останал да разговара со полицијата.

Според гореспоменатите медиуми, истрагата е во тек, но засега според исказите на очевидците нема индиции дека актерот е виновен.

По несреќата, Арнолд Шварценегер го зел нејзиниот велосипед, го прикачил за својот автомобил и се упатил до локална продавница за да ја поправи штетата на возилото, пишува TMZ и наведува дека ниту еден од нив не бил под дејство на алкохол или недозволени супстанци и дека Шварценегер не возел брзо.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Арнолд Шварценегер/ Профимедиа

 

Останати вести од Радио Милева