Радио Милева
кога правилата не постојат

Тато се расплака: 80 годишниот актер Роберт Де Ниро ја покажа 10 месечната ќерка Џиа (видео)

Тато се расплака: 80 годишниот актер Роберт Де Ниро ја покажа 10 месечната ќерка Џиа (видео)

Светски познатиот актер Роберт де Ниро (80), на јавноста и ја покажа својата 10-месечна наследничка Џиа.

На новата фотографија до која дојде Page Six, филмската легенда го гушка бебето во неговиот скут и нежно го потпира неговиот образ на нејзината мала глава.

– Преслатка е – рече Де Ниро во интервју за People, објавено минатата среда, а тој се насмеа на необичната динамика во неговото семејство откако го пречека седмото дете на 79-годишна возраст.

– Сите деца се големи ентузијасти за неа. Дури и внуците. Таа им е тетка, а наскоро ќе станат тинејџери – раскажа Де Ниро.

Покрај Џиа, која ја дочекаа пролетта во 2023 година со девојката Тифани Чан, Де Ниро е татко на Дрин (56), Рафаел (47), близнаците Џулијан и Арон (28), Елиот (25) и Хелен (12).

Таа има четири внуци, меѓу кои и синот на Дрина, Леандро, кој минатата година на 19-годишна возраст трагично почина од случајно предозирање. Минатиот месец оскаровецот стана емотивен додека зборуваше за своето најмало дете.

– Сè со што сум опседнат или загрижен, едноставно исчезнува кога ќе ја погледнам – објасни тој и додаде дека тоа било „прекрасно чувство“. Тој исто така даде увид во неговиот семеен живот со неговата 45-годишна сопруга и бебето Џиа.

Зборувајќи за годините, тој објаснил дека се откажал од „напорните работи и кревањето тешки тегови“ и додаде дека „ја издржува својата девојка, но таа работи многу“. Да потсетиме дека Де Ниро и Чен се заедно од 2021 година, а се запознаа на снимањето на неговиот филм „The Intern“ од 2015 година.

фото:You Tube printscreen/ Page Six

Останати вести од Радио Милева