Радио Милева
тажна вест

Почина еден од најпознатите негативци на Холивуд

Почина еден од најпознатите негативци на Холивуд

Познатиот холивудски актер Пол Д’Амато почина во понеделникот на 76-годишна возраст.

Актерот ја загуби четиригодишната битка со прогресивната супрануклеарна парализа, ретка болест на мозокот.

Пол е роден во Ворчестер, а како тинејџер на 14 години почнал да работи во театар како асистент, а потоа сакал да стане актер.

Да потсетиме, од 1980 година неговата филмска и театарска кариера ќе ја одбележат само улогите на протагонисти во различни продукции, поради што го доби епитетот „најпознатиот негативец на Холивуд“.

Тој се прослави со улогата во филмот Slap Shot од 1977 година, во кој се појави како главен негативец. Потоа се појави во Најсмртоносната сезона (ТВ филм од 1977 година), Ловецот на елени (1978), Огнена моќ (1979) и Небесната порта.

фото:Printscreen You Tube

Останати вести од Радио Милева