Мегафон
Тажна вест

Трагедија: Почина Мирко Петровски – познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер

Трагедија: Почина Мирко Петровски – познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер

Почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски.

Веста проструи на социјалните мрежи, а меѓу првите ја сподели  Панчо од ДНК, кому бодибилдерот му беше личен тренер и добар пријател.

„Сѐ уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.

Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирко Петровски“ – напиша тој на нивната заедничка фотографија.

По трагедијата се огласи и Зоран Паљо Лазаревски, кој со тага ја соопшти веста.

„Многу жално прерано замина Спортист татко другар. Никој незаслужва да замини пред време секој треба да доживее длабока старост Вечен мир Мирко“ – напиша тој.

Мирко имаше своја теретана, а уште од мали нозе се занимаваше со бодибилдинг.

Беше персонален тренер на многу наши познати личности како споменатиот музичар Панчо-ДНК, актерот Тони Михајловски, манекенката и топ модел Катарина Ивановска, ТВ водителките Миа Костова и Ева Јовановска… и многу други.

Фото: Фејсбук/Инстаграм