Радио Милева
Кога не се чита, туку само се гледа

„Што ти се случи?“: Ристе Ристески седнат на болнички стол имаше порака до фановите, но беше погрешно сфатен (фото)

„Што ти се случи?“: Ристе Ристески седнат на болнички стол имаше порака до фановите, но беше погрешно сфатен (фото)

Пејачот и единствен победник во „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески ретко се обраќа пред своите следбеници, а тоа е најчесто со фотографии од своите нови фотосесиии или настапи.

Овој пат, за промена сакаше да ја покаже својата хумана страна, но беше погререшно сфатен.

Седнат на стол за дарување крв, тој покажа дека бил хуман ја дарувал својата крв, а воедно намерата му беше да ги поттикне да го направат истото и неговите следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Riste Risteski (@riste_risteski)

-Јас дарував крв! Направи го тоа и ти, биди хуман!

Сепак, намерата за некои не му успеа. Во коментари кој доби прашања за тоа што му се случило и да оздрави побрзо.

Многупати сме биле сведоци дека објавите на социјалните мрежи или во електронските медиуми не се читаат во целост, туку за истите се суди по слика или само наслов.

Кај Ристе примерот беше дека некои следбеници своја проценка дадоа по сликата, а не по пишаното.

Во секој случај, пофалби за потегот на Ристе.

Останати вести од Радио Милева