Радио Милева
живот...

Сашо Костадиновски од триото „Кладенец“ среде настап на фолк фестивалот во Лешок ја побара девојката за жена (ВИДЕО)

Сашо Костадиновски од триото „Кладенец“ среде настап на фолк фестивалот во Лешок ја побара девојката за жена (ВИДЕО)

На неодамна завршениот „Лешочки фолк фестивал“, настапи и вокалното трио „Кладенец“, кои беа еднии од оние изведувачи кои изведоа свадбарска песна, насловена „Свадба најубава“. Уште во најавата водачот на триото Сашо Костадиновски спомна дека песната е посветена на неговата свршеница и нивниот иден кум.

Но главното се случи по завршувањето на нивниот настап. Имено, Сашо тогаш ја повика својата сакана Даниела на сцената, клекна на колена, извади веренички прстен и ја праша дали сака да се омажи за него. Се разбира таа иако изненадена и шокирана со раширени раце го прифати предлогот да стане негова идна сопруга.

Погледнете како изгледаше тој убав и емотивен чин на фолк фестивалот во Лешок:

 

Останати вести од Радио Милева