Радио Милева
повик што не се одбива

Само две недели по свадбата јутјуберот Стефан Лазаров го шокираше татко му Орце: Родителот не ја сфати сериозно неговата намера, во прв момент помисли дека е скриена камера (ВИДЕО)

Само две недели по свадбата јутјуберот Стефан Лазаров го шокираше татко му Орце: Родителот не ја сфати сериозно неговата намера, во прв момент помисли дека е скриена камера (ВИДЕО)

Јутјуберот Стефан Лазаров животот го живее јавно, зашто јавното живеење му стана своевидна професија од која заработува. По свадбата од соништата со неговата сега веќе сопруга Марта, за која и врапчињата дознаа како се одвивала, следуваше таканаречениот „меден месец“, одмор на кој младите замнинаа за да ја „наштимаат“ брачната хармонија во која допрва треба да живеат.

Икао медените денови за малку ќе се претвореа во непријатна авантура откако јутјуберот на одморот качил  температура, сепак се’ се заврши онака како што треба и  со брз помин, па откако се вратија дома, Стефан Лазаров дојде до идеја која веројатно оддамна ја размислувал и си замислувал како да ја оствари.

Имено неговите родители имале постар автомобил, а сега потрошени од свадбата на синот не биле во можност да купат ниту половен, а камо ли нов, па затоа Лазаров решил да им се оддолжи за се што за него досега направиле.

Така, дел од  заштедата што ја имал што од работата , што од свадбата, решил да ја потроши за да ги израдува со подарок што не се одбива. Поточно татко му Орце Лазаров, познат македонски музичар, музички автор и педагог, кому Стефан смислил како да му го приреди изненадувањето.

Откако нашол добро сочуван половен автомобил од марката Форд-Фокус, во кој ги има сите салтанати, а патем нема многу километри поминати, јутјуберот го купил, го стегнал на мајстор, испрал и онака изгланцан и светнат  небаре е „чичка нов“ тргнал да го изведе изненадувањето за татко му. Се разбира сето тоа, целата операција ќе ја снима со камера и подоцна прикачи на својот Јутјуб канал. Ем татко му, односно родителите да бидат среќни и задоволни, ем Јутјуб прегледите да бидат енормни.

Еден телефонски повик да се видат, со кој Стефан го намамува татко му да дојде на договореното место за да се видат, оти божем имале нешто заеднички да снимат и… трикот успева, зашто Орце ја загризал мамката.

Штом ќе го види автомобилот со кој синот пристигнал, најпрвин музичарот целиот во прашалници зачуден прашувал што е ова, од каде пак сега ваква кола, чија е… Се’ до моментот додека синот пет пари претходно прашувајќи го татка си дали му се допаѓа, не му соопштил дека ова е неговата нова кола.

Арно ама, родител како родител, оди убеди го од прва дека ова е само мала благодарност за се’ што тој направил за тебе во животот, па по неколку минути убедување Орце конечно ги примил клучевите в рака и седнал во Фордот.

Првото возење на подарокот на 4 тркала од синот се разбира заедничко, а патем и овековечено за сите времиња.

За создравје да си го вози и таткото и остатокот од семејството.

Така, само  две недели по свадбата јутјуберот Стефан Лазаров го шокираше татко му Орце кој веднаш не ја сфати сериозно неговата намера, па во прв момент помисли дека синот му прави скриена камера!

Фото: Инстаграм/_lazarovv/Јутјуб

Останати вести од Радио Милева