Живот и Стил

Рецепт за мусака од печурки: Домаќинките овојпат биле навистина креативни и создале рапсодија на вкусови

Рецепт за мусака од печурки: Домаќинките овојпат биле навистина креативни и создале рапсодија на вкусови

Ваквата мусака ќе ја подготвите многу брзо и лесно, а вкусот ќе го освои цело ваше семејство.

Мусаката многу често се наоѓа на трпезите во македонските семејства. Сепак постојат многу начини како да ја подготвите, но „мрзливите домаќинки“ се досетиле на еден поинтересен и поразличен рецепт.

Ваквата подготовка на мусака не подразбира користење на компир и мелено месо затоа што главната состојка во ова јадење се печурките.

Состојки:
– 500 грама исечкани шампињони;
– 1 главица кромид;
– 100 грама сланина;
– 3 јајца;
– Масло за јадење;
– 8 парчиња леб;
– 250 милилитри млеко;
– 150 милилитри кисела павлака;
– Зачини.

Подготовка:
Изберете една тепсија со средна големина и премачкајте ја со масло за јадење. Потоа покријте го дното со лебот којшто претходно сте го потопиле во млеко.

Издвојте ги зачините како магдонос, сол и бибер. Сланината исечкајте ја на парчиња и динстувајте ја со печурките и кромидот на средна температура.

Кога ќе биде готово, ставете го миксот над лебот. Потоа распоредете го повторно натопениот леб над смесата. Во една чинија изматете ги јајцата и павлаката и прелијте ја течноста како завршен слој.

Оваа мусака печете ја во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 15 минути.

На здравје!

извор:точка.ком.мк