Радио Милева
мислење

„Прија ме потсетува на постара колешка од Србија“: Тони Цетински проговори за популарната пејачка (фото) 

„Прија ме потсетува на постара колешка од Србија“: Тони Цетински проговори за популарната пејачка (фото) 

Тони Цетински зборуваше за изминатата година, за неговата кариера, а се осврна и на успехот на Александра Пријовиќ.

„Не беше секогаш сè совршено, но беше успешна година во бизнисот. Го привршуваме албумот… да има поубави настани, а помалку лоши. Повторно, дури и лошите моменти не траат засекогаш. Мора да научите нешто. Мора да го прегрнете секој крст и да продолжите понатаму“, изјавил пејачот.

Популарниот пејач го коментираше и феноменот Александра Пријовиќ.

„Ние го коментираме повеќе од една година, затоа е феномен. Супер, нека си  го искористи моментот, сега е нејзиниот момент. Таа многу ме потсетува на постара колешка од Србија“, рекол Тони Цетински, пишува „Телеграф“, но не сакал да открие која, па само додал:

„Тие што ја поставија работата, добро ја поставија. Можеме да побегнеме од себе со некои модерни ритми и продукции, но не можеме целосно да побегнеме. Тоа е таа мекост што луѓето очигледно ја сакаат и треба да се искористи и секоја чест за неа“.

Фото: Printskrin/Instagram/tonicetinski

Останати вести од Радио Милева