Мегафон
театар

Премиера на „Припаѓање“ во МКЦ

Премиера на „Припаѓање“ во МКЦ
„Припаѓање“ е театарско излагање што се занимава со прашањето за грижата како концепт.
Колку можеш да припаѓаш онаму кадешто не се грижат за тебе?
Како се грижиме едни за други?
Колку од нашата грижа е перформанс?
Се обидовме да ги собереме нашите моментални увиди во едно дело со отворен концепт, кое го градиме на начин што дозволува негова понатамошен развој со секоја изведба. Веруваме во тоа дека нашите сознанија ќе растат со помош на заедницата за која се собравме да создаваме.
Играат:
Нина Елзесер
Филип Миленкоски
Сара Спиркоска
Дарко Ристовски
Ади Имери
Авторка и режисерка: Хана Миленковска
Авторка и драматург: Калија Киселички
Композитор: Ади Имери
Продуцент: Дино Чупевски
Кореографија: Бобан Русески
Костимографка: Мила Спасовска
Дизајн на светло: Игор Митревски
Графички дизајн: Матеја Николиќ
Претставата е во продукција на Атриум, поддржана од Министерство за култура на РСМ, Младински културен центар, Општина Ѓорче Петров и МладиХаб.
Премиерната изведба е во понеделник на 3 јули 2023 година во МКЦ.