Радио Милева

„Тој и Шабан беа најдобри пријатели, но не му дојде на помен …“: Еве што му порача Гоца Шаулиќ на Саша Матиќ (фото)

„Тој и Шабан беа најдобри пријатели, но не му дојде на помен  …“: Еве што му порача Гоца Шаулиќ на Саша Матиќ (фото)

Познатиот пејач Шабан Шаулиќ, кој не напушти во 2019 година на 68 години, минатиот викенд имаше помен. 

Саша Матиќ не се појави на поменот, како што истакнува од оправдани причини.

– Шабан Шаулиќ беше еден од моите најдобри пријатели. Не можев да дојдам на поменот – рекол Матиќ, а потоа открил што му кажала вдовицата на пејачот, Гоца Шаулиќ.

– Гоца ми рече: „Шабан многу те сакаше, знам дека ќе дојдеше да можеше… Ти благодарам што не не заборави“. И никогаш не би! Да ги заборавев нив како пријатели, ќе беше исто како да го заборавев Шабан – изјави Саша за „Премиера, викенд специјал“.

Да потсетиме, роднините на Шабан се собраа минатата недела на Новите гробишта во Белград, каде се одржа поменот. Меѓу првите што пристигнаа на гробиштата беше вдовицата на Шабан, Гордана, која положи на гробот букет бели рози.

Фото: printskrin/instagram

 

Останати вести од Радио Милева