Мегафон
ТВ емисии

Почнува новата сезона на „Нешто конкретно“ со Снеже Велков

Почнува новата сезона на „Нешто конкретно“ со Снеже Велков

Цевка има топ не е, брада има топ не е.
Што е тоа?

Почнува новата сезона на „Нешто конкретно“

Токму со ваква гатанка почнува новата сезона од „Нешто конкретно“ со Снеже Велков, доволно провокативна за да алудира на одговорот и доволно инспиративна за да ве натера да мислите. Токму каква што е и идејата на емисијата, да има провокативни теми кои ќе ве натераат да размислите да дискутирате ама на крајот и да се изнасмеете.

Со оглед на почетокот во месец ноември, „Нешто конкретно“ се приклучува во кампањата за подигање на свеста за машко здравје. а Снеже апелира: Драги мажи одете превентивно и на лекар и на психолог за да ни бидете здрави и во снагата и во умот, а првата епизода почнува со тема – Колку вредиме? Па Снеже има „скапи“ гости.
Новата сезона е и со нова најавна шпица.

Сменет ли е концептот или се останува исто, дали можеби на Снеже и се придружи ко-водител за баланс на машко женска енергија? И најважно кој е одговорот на гатанката. Гледајте во недела, 17:20 часот на Телма.