Радио Милева
трагедија

Почина млада француска мисица: Ја прегазил трактор додека возела велосипед (ФОТО)

Почина млада француска мисица: Ја прегазил трактор додека возела велосипед (ФОТО)

Француската мисица Морган Роланд (22), почина откако трактор со приколка минатата недела ја прегазил додека возела велосипед.

Несреќната девојка која завршила под тракторот, се вели во извештајот, починала,  додека пријателот со кого таа возела велосипед и возачот на тракторот поминале без повреди.

Иако со хеликоптер веднаш била пренесена во болница, било предоцна и при пристигнувањето била констатирана смрт.

Директорката на Мис Франција, Силвија Тејлер, напишала емотивна објава на Инстаграм со која се простила од младата девојка и им изразила сочувствона нејзините родители и свршеникот.

„Кога судбината ќе и го украде животот на млада девојка од 22 години, можеме само да бидеме длабоко погодени од трагедијата. Среќен пат до земјата на ангелите, убава Морган“, пишува таа.

 

Останати вести од Радио Милева