Живот и Стил

Пилешко со зеленчук во сос

Пилешко со зеленчук во сос

Пилешко кое се топи во устата.

Состојки:

400 гр пилешко бело месо
една главица свежа брокула
150 гр рендан кашкавал
сол, бибер, лук
2 лажици презла

Сос:

50 гр путер
2 лажици брашно
600 мл млеко
150 гр кашкавал
сол, бибер, морско оревче по желба
200 мл крем за готвење

Подготовка:

Брокулата исчистете ја и одделете ја на помали парчиња, ставете ја да се вари пет минути во зовриена солена вода.

За тоа време пилешките гради исецкајте ги на коцки и пропржете ги на путер.

Подгответе го сосот. Во путерот се пропржува брашното, се трга од оган и се додава млекото со постојано мешање да не се формираат грутчиња. Додадете ги кремот за готвење и кашкавалот, зачинете и варете на тивок оган додека не се згусне.

Намачкајте длабок сад со путер и посипете со презла. Брокулата и пилешкото измешајте ги и ставете ги во сад. Прелијте го готовиот сос, а на крајот посипете со рендан кашкавал.

Печете 20 минути во рерна загреана на 200 степени.

изворк: курир.мк