Радио Милева
глетка за хипноза

Периодот на покажување елки наголемо започна: Овој пат погледнете ја магијата во домот на Елена Стефановска (видео)

Периодот на покажување елки наголемо започна: Овој пат погледнете ја магијата во домот на Елена Стефановска (видео)

Нема сомнеж дека новогодишната елка и декорација будат убави чувства и позитувна енергија.

Многумина сакаат да украсат со новогодишната декорација порано, уште од месец ноември, а исто така и сакаат да ја тргнат што подоцна и по завршувањето на Стара Нова.

Со почетокот на месец декември социјалните мрежи веќе почнаа да се полнат со видеа и фотографии од новогодишни елки, некој со повисока, некои со помала елка, бела или зелена, природна или вештачка, сеедно, вежно е дека ја носат радоста и кај помладите и кај повозрасните.

Целокупната предновогодишна атмосфера и амбиент потсетуваат на една голема волшебна бајка, така е кај сите, или барем треба да биде, па и кај познатите и популарни личности и естрадните ѕвезди.

Откако се омажи,ТВ водителката Елена Стефановка се почесто го покажува својот нов дом, а сега за своите следбениици објави видео како ја украсува големата новогодишна елка.

Лампион по лампион и разни украси, Елена ја создаде својата домашна новогодишна магија која полни очи.

Погледнете:

Останати вести од Радио Милева