Промотер

Пајак и српскиот “MIC-MC” се „безгрешни“ во – „Error“ (ВИДЕО)

Пајак и српскиот “MIC-MC” се „безгрешни“ во – „Error“ (ВИДЕО)

Клубската сцена се повеќе добива на популарност, а како најзаслужни за развојот на трап сцената се продуцентската куќа Urban Records. Единствените кои неуморно работеа и издаваа песни за цел период на изолација, а сега на задоволство на сите дојде време и да настапат со тие хитови со милионски прегледи.

И како што ветија од продукцијата дека ќе имаат соработки со наши и надворешни артисти, истите веќе се реализираат. Така пред два месеци се популарниот кај младите Пајак, ја имаше првата соработката со Таско за Психо, а вчера се случи промоцијата на новата песна, во соработка со српскиот трап изведувач -“MIC-MC”- насловена како “ERROR”.  За него викаат дека е српскиот Еминем, еден од најпознатите рапери во Србија препознатлив по многу брзото и течно рапување.

Песната е издадена за една од најпопуларните продуцентски куќи на балканот “IDJ“, која  за помалку од 24 часа достигна над 100.000 прегледи и веќе се искачува на висока позиција на трендинг листата на јутуб. Таа е во трап стил, музиката и текстот се на Пајак и Мик МС, во продукција на Кобра, а микс и мастеринг на Иван Јованов – Ивајо.

Спотот го изработи режисерот Гордан Божиновски, а се снимаше во студио ДВД Плус Скопје.

За стајлингот на Пајак се погрижи “Sportikum”- Sportswear Store.

Во продолжение погледнете го новиот видео запис “ERROR”, а фановите на Пајак конечно на 2ри Јули можат да се дружат со него на настап во Максим-кафе Богданци.