Промотер

Они се „2 бона“, а она е нивниот „Фрик“ (ВИДЕО)

Они се „2 бона“, а она е нивниот „Фрик“ (ВИДЕО)

Урбаното дуо чии песни во себе го носат модерниот звук, следејќи ги светските музички трендови: Хип Хоп, РНБ, Трап и Регетон,  Марио Јелиќ (Кун) и Антонио Стојановски (Тони) познати како „Два бона“, важат за едни од најголемите освежувања на македонската сцена. Тие на големо задоволство на нивните фанови го промовираат новото видео за песната “Фрик”.

Продуцент на песната е Cheketz Beats, текстот е на Два Бона. Спотот го изработил режисерот Гордан Божиновски – „God Eye Production“. Локацијата на спотот е во Велес во една напуштена болница.

Во видеото провејува една несекојдневна приказната во која секси докторка го држи Кун заробен во болница за ментално болни ливца и му прави експерименти со разни препарати, но доаѓа Тони го спасува, ја киднапира докторката и ја носи на друга локација, и и’ ги прави истите работи што и таа му ги правела на Кун. Приказната на крајот завршува со ментално нездравата фрик докторка која завршува во санаториум.

Дамата  која во спотот се појавува во улога на секси психијатар, е атрактивната професорка по солфеж и диригирање во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, мејкап артист и позната инфлуенсерка Калтрина Криезиу Балаш.