Радио Милева
училишна љубов?

„Допри ми колена“: Македонската фудбалска репрезентативка Јулија Живиќ за роденден доби бројни честитки, ама онаа „поделена одблизу“ и е најдрага (ФОТО)

„Допри ми колена“: Македонската фудбалска репрезентативка Јулија Живиќ за роденден доби бројни честитки, ама онаа „поделена одблизу“ и е најдрага (ФОТО)

Јулија Живиќ важи за најзгодната македонска фудбалерка. Згодна, стројна, атрактивна, сексапилна… Русокосата убавица е жив доказ дека убавината и „најважната споредна работа на светот“ можат да одат заедно.

Дека високите потпетици секогаш може да ги замениш со „копачки“, фустанот со дрес, тангата со спортски гаќички, хулахопките и мрежестите чорапи со штуцни и костобрани.

Јулија однеодамна тргна својата спортска среќа да ја бара во фудбалскиот свет надвор од Македонија, поточно во хрватската женска фудбалска лига и тоа на релација Ријека – Сплит, каде и што остана да игра!

Русокосата убавица деновиве славеше роденден. Управата на нејзиниот клуб ЖФК Сплит не пропушти на својата членка и јавно да и го честита!

На честитките секако се придружија најблиските пријателите, дел од некогашните и сегашните колешки…

Некои лично, некои преку социјалните мрежи, преку кои убавата Јулија доби мноштво роденденски честитки со пораки за добро здравје, среќа и успешна кариера…

Се разбира љубовта не ја прескокна. Зашто колку и да се обидувате од јавноста да ја сокриете, кога сте позната и популарна, во која и да е област, приватноста и то како ја скокотка јавноста,  па личните нешта бргу излегуваат на виделина. Така и љубовта на македонската фудбалска репрезентативка.

Имено, Јулија Живиќ е во врска… И тоа исто така со фудбалер, момче по потекло од Велес, кој и и бил школски другар.

Блиско упатените знаат дека се работи за млад голман чие име е   Дарко Манчев, а оние кои ја следат Јулија на социјалните мрежи знаат и повеќе.

Имено сексапилната фудбалерка и младиот голман  очигледно се вљубени како гулапчиња.

Ја користат секоја прилика кога можат да бидат заедно, да се наразделни.

Можеби тоа (не) била училишна љубов на прв поглед, ама сега е фудбалска љубов во секој поглед.

Така било очигледно и овој пат, кога Јулија го славела роденденот…

Букет рози за славеничката за денот што го чекаме цела година и прослава со одбрано  друштво во елитен ресторан со пура и шампањско.

Сепак, најпосакуваната честитка „поделена одблизу“ е секогаш најдрага.

Во ресторанот за време на интимната прослава, пред да тргнат на пат кон дома – „Допри ми колена“, а потоа…

Наместо илјада зборови, најпосакувана роденденска честитка во една слика… Секако, на обострано задоволство.

Фото: Инстаграм/daremancevv/zivic.julija

 

Останати вести од Радио Милева