Радио Милева
најдоброто од семејство

Огнен Здравковски ја разреши дилемата: „Еве на кого ќе личам кога ќе остарам“! (ФОТО)

Огнен Здравковски ја разреши дилемата: „Еве на кого ќе личам кога ќе остарам“! (ФОТО)

Македонскиот пејач, младата „Гранд ѕвезда“, Огнен Здравковски полека станува етаблиран пејач не само на домашната, туку и на регионалната естрада. Обидите преку кои го запознаа со неговите одлични настапи во „Ѕвездите на Гранд“ сега ги продолжува со своите песни.

Меѓу останатите и онаа годинешнева испеана на српски јазик насловена „Душа“ во која по многу нешта, како стилски така и по интерпретацијата наликува на баладите на неговиот постар колега, пријател и многу веројатно узор, српската ѕвезда Саша Ковачевиќ.

Дилемата на кого е толку талентиран оддамна е одгатната, зашто целото семејство на младиот пејач е  цел живот поврзано со музиката. Мајка му Софче, македонска пејачка, вујко му, прерано починатиот Зоран Џорлев беше понат и признат музичар и музички автор, дедо му  по мајка, Наско Џорлев – македонска изворна музичка фолк легенда, хармоникаш изведувач и музички автор на бројни антологиски македонски песни. Неговата сестра Оле е исто така академски музичар, како и неговиот братучед,  Наско јуниор… Оттука би било многу почудно и понеочукавно доколку Огнен  не се занимаваше со музика, отколку ова што е денес – младо пејачко име чија кариера е во подем!

Но она што дефинитивно е една друга голема дилема, кога физички ќе го видите ова младо момче е прашањето од кого ја наследил маркантната фигура, физикусот, ликот… Или едноставно речено: На кого то Огнен Здравковски најмногу личи?

Непосредно по трагичното заминување на вујко му  Зоран Џорлев во времето на коронапандемијата, Огнен сподели неколку заеднички фотографии на кои многумина рекоа дека и физички многу потсетува на него.

Пролетва, младиот пејач сподели заедничка фотографија со своите родители од една семејна прослава на која Огнен во описот на истата праша: „На кого личам повеќе“?, а повеќето констатираа дека музичкиот талент го наследил од мајка му, но иако го има земено најдоброто од обајцаа родители, во ликот многу потсетува на татко му!

Сепак дека пејачот не мисли баш оти е тоа така, говорат најновите споделена фотографии, овој пат на неговиот Фејсбук профил.

Имено, Огнен овој пат споделил фотографија од неговиот дедо, легендарниот Наско Џорлев во времето кога веќе бил во поодминати години, а до неа и преку една апликација како би изгледал самиот тој кога ќе остаре.

„Еве на кого личам, каков ќе бидам кога ќе остарам… (на сликата лево е дедо ми Наско Џорлев)“ – напишал во описот пејачот.

Дека несомнено многу потсетува, или поточно, сега младиот пејач кога ќе остаре мошне ќе личи на славниот дедо, е повеќе од очигледно.

Впрочем, нуту генот,  ниту крвта не е вода, иако не грешат ниту оние кои тврдат дека во моментов Огнен Здравковски сепак многу повеќе  личи на неговиот татко!

Фото: Инстаграм принтскрин/Огнен Здравковски

Останати вести од Радио Милева