Радио Милева
да не дојде до погрешно инфо

Огнен Здравкоски откри дали е во врска со својата колешка Лина Пејовска

Огнен Здравкоски откри дали е во врска со својата колешка Лина Пејовска
фото инстаграм/огнен здравкоски

Пејачот Огнен Здравкоски ја освои публиката во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што беше под менторство на Марија Шерифовиќ и стигна до финалето.

Од друга страна, младата и талентирана пејачката Лина Пејовска ги освои симпатиите во музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“.

Oгнен и Лина освен тоа што се добри пејачи, изгледа се добри пријатели или можеби нешто повеќе од тоа…

Имено, на социјалните мрежи тие често си оставаат коментари еден на друг, објавуваат заеднички фотографии, се подрржуваат еден со друг.

Здравкоски на својот „Инстаграм“ објави фотографија со Лина, а во описот напиша: „Мојата Лина, те сакам“.

фото инстаграм/огнен здравкоски

Меѓу нивните следбеници, фанови, започнаа шпекулации и прашања дали меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

По тој повод, Огнен се огласи на својот Инстаграм и откри каков е неговиот однос со Лина.

„Сите што ми пишавте и ме прашавате, да не ви пишувам на секој посебно, а до сите останати ( да не дојде до погрешно инфо) ќе објавам вака јавно на стори.

фото инстаграм/огнен здравкоски

Јас и Лина сме само многу блиски другари и колеги и не сме во врска и во љубов“, напиша Здравкоски.

Дали од пријатлеството на Лина и Огнен можеби ќе никне некој дует, останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева