Промотер

Несудениот поп кој стана поп пејач, Александар Џо Господов ви ја претставува – „Реци ми“ (ВИДЕО)

Несудениот поп кој стана поп пејач, Александар Џо Господов ви ја претставува – „Реци ми“ (ВИДЕО)

Александар Џо Господов е роден во Скопје 1996 година, а со музика е од најрани нозе. Има свирено во неколку бендови и на концерти и свирки. Неговиот прв албум го издаде минатата година  на англиски јазик со наслов „Goodbye“. Има издадено три ЕП – ија и повеќе синглови.

Инаку тој е несудено свештено лице – поп, кој го напушта богословското училиште во кое бил запишан и се посветува на економијата и музиката како негова голема љубов.

Оваа година се подготвува да сними нов албум на српско-хрватски јазик, кој ни го најавува со презентацијата на неговиот промотивен сингл, песната „Реци ми“.

На оваа песна му гостуваат: Драган Гиновски на електрични гитари, Стефан Митев на бас и Јан Стефановски на тапани. Придружните вокали ги испеаја Наташа Миха и Мартина Митревска.


Песната е визуелизирана и со лирик видео кое го потпишува Марио Петковски, додека комплетен автор на истата ( музика, текст, аранжман) е самиот изведувач, во чие   „Blue Town Studio“ песната и е снимена.