Промотер

Павле Камилоски се’ би направил само една желба да му се оствари – „Да си моја ти“ (ВИДЕО)

Павле Камилоски се’ би направил само една желба да му се оствари – „Да си моја ти“ (ВИДЕО)

Павле Камилоски  деновиве ја промовираше во јавноста својата нова песна „Да си моја ти”, која е петта авторска во неговиот пејачки опус. Песната е во тој модерен поп стил со фанки примеси, чиј автори се познатиот музичар и гитарист Дамир Пух и пејачката Наташа Миха која е коавтор на музиката, а воедно ги напишала и стихови, а ги пее и придружните вокали.

Песната иако жанровски поразлична од она што Павле преферирал да го пее досега е доволно енергична и емотивна, на што се надоврзува и нејзината визуелизација,  во која со својата елеганција, убавина и „неподнослива леснотија на движењата“, доминира атрактивната балерина од МОБ, неодоливата Никита.

спотот е во режија на докажаниот маестро Александар Ристовски Принц за кој Павле кажува дека “во буквална смисла Принц го зборува мојот јазик и со леснотија го продуцира она кое што јас го чувствувам“.

Спотот се снимаше во убавиот Галичник, од каде што се корените на Камилоски.

Павле Камилоски е познат и по своите традиционални предновогодишни скопски концерти кои со неговото пеење ја разубавуваат уште повеќе свечената атмосфера која владее тие денови во македонска метропола секоја година, па така.ќе биде и годинава. Концертот е закажан за 15-ти декември во МНТ со почеток во 20 часот.

„Mојот прекрасен Галичник прикажан преку нежноста и елеганцијата на Никита никогаш не изгледал поубаво“ – воодушевено ќе каже Павле за местото од каде ги влече корените на своето потекло.

Како звучи новата песна на Павле Камилоски и како изгледа нејзината визуелизација, проследете од видеото во продолжение: