Радио Милева
свето семејно-фудбалско тројство

Некогашниот новинар и ТВ водител Филе – „Топки“ стана татко на 53 години: „Да ми кажуваше некој кога бев млад и полузелен дека на оваа возраст ќе лулкам бебе, ќе мислев дека е луд и му се измешале брзините…“ (ФОТО)

Некогашниот новинар и ТВ водител Филе – „Топки“ стана татко на 53 години: „Да ми кажуваше некој кога бев млад и полузелен дека на оваа возраст ќе лулкам бебе, ќе мислев дека е луд и му се измешале брзините…“ (ФОТО)

Дете на новинарската школа на МТВ, впечатлив ТВ лик кој иако со години не е пред камерите, оние што го гледале, се’ уште го паметат. Некогаш познатиот и многу популарен (не само спортски) новинар и ТВ водител Игор Филевски – Филе, кој остана запаметен по прекарот „Филе – „Топки“, заради истоименото забавно-спортско шоу кое своевремено го водеше на некои од најгледаните македонски телевизии, деновиве одново стана татко. И тоа на 53 години… По трет пат.

Имено, Филе уште од 2015 година не живее во македонија, туку сега е жител на Малта, каде неговата сопруга Ана се породи и на свет донесе живо и здраво машко дете. Син, кој го доби името Марио.

„Дојде и тој ден. Марио е одлично, мајка му е исто така одлично, ама малку уморна. Јас сум добро, да не ме мислите, иако бев најизмачен и најстресиран, што е нормално, нели, бидејќи секоја бременост најтешко и најспектакуларно ја поминува мажот“ – напиша шеговито Филе веднаш по раѓањето на синчето, споделувајќи ги и првите фотографии од породилиштето од бебето и сопругата.

Ден потоа Филе се јави со нов пост на својот Фејсбук профил. Повторно посветен на приновата, но и на самиот себеси, на годините, возраста, состојбата на телото и умот и нивната коресподенција со духот и младоста, на врската помеѓу татковството „на стари години“ и чувството при восприемањето на бебешкиот плач на 30 и кусур и 50 и кусур, па напиша:

Инаку, Игор Филевски-Филе  најпрвин ја доби ќерката на која како непоправлив вљубеник во фудбалот, особено оној кој го играат јужноамериканските асови како Кемпес, Марадона, Меси… тој  на девојчето му го даде името на земјата во чиј фудбал и е вљубен, па ќерката ја крсти  Аргентина. Потоа, во Малта го доби и втрото дете, овој пат син, кому му го даде името Лео… Веројатно не е тешко да се погоди дека го крстил по славниот аргентински фудбалски волшебник Лео Меси.

И конечно и третото дете, неговиот втор син по се изгледа одново добива фудбалско име. Филе очигледно не бега од традицијата, па новороденчето Марио, најверојатно е крстено по славниот аргентински фудбалски ас од 80-тите, Марио Кемпес!?

Аргентина, Лео и Марио – како свето фудбалско и семејно тројство!

Како и да е, нека е со среќа и да е жива и здрава приновата!

Фото: Фејсбук принтскрин/Filevski Igor (File X File)

Останати вести од Радио Милева