Радио Милева
Упссс, ѕирна...?

(Не)сакајќи – секси: Мелита, Полина и Ноне случајно покажаа повеќе од што треба или… така треба!? (ФОТО)

(Не)сакајќи – секси: Мелита, Полина и Ноне случајно покажаа повеќе од што треба или…  така треба!? (ФОТО)

Три познати дами секоја на свој начин згодна, атрактивна, привлечна, секси…  и без комплекси го покажуваат она што на себе го носат. А дека Мелита Ракичевиќ, Полина Тасева и Нона Неделковска имаат што да покажат и со што да се пофалат е оддамна евидентно. И кога е нивната духовна и особено нивната телесна дарба во прашање.

Само што овој пат и трите на различен начин покажаа повеќе од што треба… Или можеби така треба? Секоја од нив свесна дека е повеќе од секси, својот неодолив сексапил умешно го потенцира и со облекувњето. Најчесто толку провокативно што е дури до граница на видливото она што треба да е невидливо… Не, барем на јавно место!

Арно ама, понекогаш се случува секоја од нив да биде и (не)сакајќи секси!

Мелита Ракичевиќ, на една од последните споделени фотографии на својот Инстаграм во бело модерно мини фустанче налик на туника, украсено со брендиран ремен околу појасот и црвени чизми над коленици уште еднаш потврди дека е повеќе од секси. Но, за да биде сексапилот пуштен на најсилно, скопската трендсетерка покажа дека во тон со ременот и чизмите и е и долната облека. Зашто, ако туниката и ременот случајно  треба да „паднат“, она што ќе остане мора колоритно да се совпадне.

А штиклите и страста кај Мелита секогаш се задолжителни, тоа го знаат и птичките, затоа во иста боја и се и чизмите и гаќичките… Кои срамежливо ѕиркаат, колку на претходно кажаното чисто да не потсетат!

Полина Тасева имаше забележителен настап со песната „Врати се“ на последниот „Макфест 2023“, каде пееше во дует со Ламбе. Таму широките кожени панталони  можеби не и дозволија долгите нозе до крај да ги истакне, ама затоа расната македонска певица тоа го правиво секоја друга можна прилика.

Зошто и не би, кога мајката природа ја надарила со телесна убавина која не треба да се крие, туку  да го истакне она што најмногу е забележително. А токму долгите нозе најдобро доаѓаат до израз во мини фустанче.

Онакво какво што Полина знае да облече на настапите, а истото го носеше и при неодамнешното подкаст гостување на скопското радио „Урбан ФМ 90.8“.

Арно ама, масичката ниска, а нозете долги, па под неа тешко може да се прекрстат, ама затоа има доволно простор да можат да се подрашират… Мрежестите чорапи само дополнително ја зголемуваат возбудата која кулминира од она што дискретно се наѕира…

Секако, доколку пејачката не ја гледате само в очи, туку погледот го спуштите малку подолу, кон стаклото на масичката…  Полина, да ти е милина… И да ја слушаш и да ја гледаш!

Нона Неделковска оддамна веќе не пее, ама затоа се изнашета. Оти таква и е работата последнава деценија.  Иако нема манекенска височина, далеку од тоа, има свои телесни адути, зашто ретко која македонска убавица, може да се пофали со вакви природни бујни атрибути! Покрај убавиот лик огледан во нежниот „бејбифејс“, раскошната предница на цилестата велешанка и е главен адут кога е сексапилот во прашање. Но тоа никако не значи дека Ноне нема со што друго да ве заскокотка, испровоцира и привлече.

Можеби Ноне нема долги нозе како Полина, ама затоа и нејзините кријат своја убавина. Зашто за длабок шлиц очигледно не се потрбени долги нозе, особено ако истиот е отворен до препони, нема машко на кое нема во главата „да му се заврти“, па погледот да го спушти и оттаму  долго да не го одвои!

Ако не верувате, подобро погледнете, па самите проценете, дали и што тоа ѕирка од шлицот на црната тоалета на  велешката бринета? Само внимателно, полека и без прашања, дали под ваков фустан воопшто се носи долна облека?!

Фото: Инстаграм/melitameli/polinatas/nona.nedelkovska

Останати вести од Радио Милева