Радио Милева
што е, тука е

Не можела да ја поднесе: Тијана Дапчевиќ откри за која колешка не сакала ни да слушне (фото)

Не можела да ја поднесе: Тијана Дапчевиќ откри за која колешка не сакала ни да слушне (фото)

Тијана Дапчевиќ е позната како личност која нема влакна на јазикот за нешто кое и пречи или едноставно не и се допаѓа, па призна дека работата на некои колешки, се до еден момент.

Тијана во последните месеци изгледа подобро од кога било. Таа со години е на музичката сцена и важи за една од најдобрите пејачки, а кога е во прашање денешната музичка сцена, таа за српските медиуми признава дека не ги сака новите трендови.

– За 98 проценти од новите уметници кои палат и жарат на Јутјуб и кои за жал се исклучително следени од деца, навистина ви треба „Google translate“. А потоа кога ќе влезеш да преведеш и ќе видиш за што всушност се пее, тогаш ќе видиш дека не ти ни требало.

-Ја гледате младината која го слуша тоа и го голта и се менува со брзина на светлината, децата се навикнати на хиперпродукција и се’ е брзо, песните одат петнаесет дена и за жал ниту една не останува – смета пејачката.

Таа призна дека не и се допаѓа работата на популарната славна личност, бидејќи на почетокот не ја разбирала, но подоцна станала нејзин голем обожавател.

– Не ја сфатив Сенида сериозно. Не дека не сум, нејзината работа ја знам уште пред соработката со Јала и Буба, кога работеше само во Словенија, сосема поинаков звук. Па, тогаш почна да го снима тоа што го снима… Се додека не излезе песната ‘Бехуте’. Таа песна ме маѓепса, песната ме трогнува, па „Фама“, па „Сирота јас“… Па сега сум најголемиот фан на Сенида, тоа јасно и гласно го кажувам – искрена беше Тијана Дапчевиќ.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева