Промотер

Наташа Миха му даде тон звучно боејќи го познатиот ефект на – „Пеперутка“ (ВИДЕО)

Наташа Миха му даде тон звучно боејќи го познатиот ефект на – „Пеперутка“ (ВИДЕО)
„Понекогаш најмалите одлуки не водат кон големи промени. Ефект на пеперутка. Едно скршнување е доволно за две души да се сретнат.Еден поглед кон себе е доволен да си ја прифатиме сопствената сенка. Си ја отворив душата, ја расштимав комфорт – зоната и извлеков од себе ново парче музика. ‘Пепрутка’ е симбиоза на музички стилови и израз, плод на лична артистичка еволуција, која пренесува порака инспирирана од малите и незначајни дејствија, одлуки кои понекогаш ги правиме спонтано и несвесно, потценувајќи ја нивната моќ и влијание кое се одразуваат во иднината“, вака Наташа Миха, позната музичарка и вокалистка ја претстави својата нова песна во најавата непосредно пред нејзинот излегување.

Музиката и аранжманот се заедничко дело на Наташа Миха и Дамир Пух, а стиховите ги потпишува Наташа.

Продукцијата е на Наташа и Дамир, а целата музика е снимена, измиксана и мастеризирана во „GreenRoom Sound Studio“ во Скопје.

Придружните вокали ги пејат Мартин Блажевски, Стефан Петановски, Дарко Фотиновски и Дамир Пух.

Видео записот е сработен во соработка со Ѓорѓи Вацев, кој бил задолжен за камерата и видео продукцијата. Во главна машка улога се појавува Кристијан Стефановски. Шминката е на Евгенија Кузманоска, а сет фотографиите се дело на Наташа Величковска