Промотер

Наташа Миха има илјада причини и само еден план – „Ти давам се’ што знам“ (ВИДЕО)

Наташа Миха има илјада причини и само еден план – „Ти давам се’ што знам“ (ВИДЕО)

По пауза од една година од излегувањето на нејзината „Пеперутка“, поп пејачката Наташа Миха има нова песна, насловена „Сé што знам“. Станува збор за поп сингл со модерен звук кој умешно се носи со естетските стандарди на светската музичка сцена, притоа задржувајќи го автентичниот артистички израз и печат на Наташа.

„Ми претставува големо задоволство и со гордост ви ја претставувам „Сé што знам“, мојот нов сингл.
Мене срцето ми е полно, посветив многу љубов, работа и време за реализација на целосниот проект и се надевам дека она што ќе го слушнете и видите ќе ги заскокотка вашите сетила и нема да ве остави рамнодушни„ – вели младата пејачка и додава:

„Сé што знам” е дело кое дели сличен тематски концепт со моите досегашни авторски песни. Музиката и аранжманот се вистинско звуковно освежување чија колоритност и динамика испровоцираа интимност и игривост во мојот вокален израз. Секоја нова можност за експериментирање и проширување на границите го буди детето во мене, желно за освојување  нови хоризонти. Во подготовка сум на свој солистички албум кој сакам да биде објавен во блиска иднина…

„Сé што знам“ е снимена во Green Room Sound студио во Скопје. Зад музиката се потпишуваат Дамир Пух и Наташа Миха. Текстот е на Наташа, а изработката на аранжманот, како и целосниот микс и мастеринг на песната се дело на Дамир.

Видеото е снимено на локација во околина на Скопје, во продукција на Ѓорѓи Вацев.

„Со Ѓорѓи веднаш се согласивме дека битот на песната е она што најмногу движи, па едногласно решивме видео записот тотално да кореспондира со истиот. Идејата за возење бесен автомобил во планински предели и есенски колорит ме освои од прва. За време на снимањето имавме супер опуштена атмосфера и одлична соработка. И, секако, возењето беше безбедно. Топло ви препорачувам да ја слушнете „Сé што знам“ додека сте зад волан, искуството е посебно“ – ви порачува Наташа канејќи да го проследите нејзиното најново остварување во продолжение.