Промотер

Наталија Славева го опеа чувството како е… „Штом љубовта исчезне“ (ВИДЕО)

Наталија Славева го опеа чувството како е… „Штом љубовта исчезне“ (ВИДЕО)

По пауза од 5 години, Наталија Славева повторно се враќа на музичката сцена со нова песна и видео. Се работи за баладата “Штом љубовта исчезне” со која настапи на годинешниот Макфест 2018, за која музиката е дело на Томислав Коцевски, текстот е на Огнен Неделковски, а додека аранжманот е на Дејан Миленковски.

За видеото се погрижија Фабрика продукција која кадрите за видеото ги снимаше во скопската винарија Камник.

„По подолг период со задоволство се враќам на музиката, мојата прва љубов со една убава балада. Голема благодарност до целиот тим кој придонесе за да се направи еден прекрасен производ, кој што се надеваме дека ќе и се допадне на публиката“ – порачува пејачката препорачувајќи го видеото за својата макфестовска балада.

Во продолжение проследете го видеото: