Живот и Стил

Највкусен појадок од само неколку состојки: Се топи во уста, а се подготвува многу едноставно

Највкусен појадок од само неколку состојки: Се топи во уста, а се подготвува многу едноставно

Денеска ви претставуваме рецепт за вкусен појадок од само неколку состојки кои сигурно веќе ги имате во кујната.

Потребни состојки:
– 5 јајца
– 1 лажичка сол
– 400 мл. млеко
– 1 лажица истопен путер
– 190 гр. брашно

Фил:

– 2 лажици сирење
– 2 лажици павлака
– малку сол
– чајна или шунка

Начин на подготовка:
Во еден сад изматете ги јајцата со малку сол и добро промешајте. Додајте го и млекото, а потоа во смесата постепено додавајте го брашното.

Смесата е потребно добро да ја измешате за да не останат грутки. Додајте го истопениот путер и измешајте, па ставете ја во тава обложена со хартија. Ставете ја да се пече на 180 степени, а кога ќе се испече оставете ја да се излади.

За филот: помешајте го сирењето, павлаката и солта во еден сад. Свртете го тестото на другата страна и премачкајте го со филот, а потоа додајте ја ситно исечканата шунка или чајна. Од тестото свиткајте ролат, а потоа исечете го на парчиња.

извор:точка.ком.мк