Радио Милева
откри

Најскапиот подарок досега: Еве што доби синот на Гога Секулиќ за неговиот петти роденден (фото)

Најскапиот подарок досега: Еве што доби синот на Гога Секулиќ за неговиот петти роденден (фото)

Гога Секулиќ и Урош Домановиќ се разведоа пред неколку години, но останаат во добри односи, па на синот се трудат да му дадат максимално љубов и внимание, за да не го почувствува недостатокот на ниту еден родител.

Сега, по нејзиниот настап во Минхен, Гога се вратила во Белград да го прослави петтиот роденден на својот наследник, а открила како течат подготовките и каков подарок подготвила за својот син:

 – Тој не бара подароци, ги има сите играчки. Не знаеме што да правиме со гардеробата, само тоа да не ни носат. Сега му купив боички –  истакнала Гога за Блиц, а потоа открила каков подарок му подготвил Урош, нејзиниот поранешен сопруг:

– Сега ексклузивно ќе кажам, можеби татко му и ќе се налути. Тој доби стан во Дубаи од неговиот татко. Татко му доаѓа од Цирих за роденденот. Децата треба да бидат почитувани и сакани колку што е можно повеќе. И двајцата родители да учествуваат во воспитувањето на детето – рече пејачката, а потоа на прашањето каков однос има со Домановиќ одговорила:

– Имаме добри односи, многу фер. Би сакала така и да остане.

Фото: Printskrin/Instagram/sekulicgoga

Останати вести од Радио Милева