Радио Милева
не мисли што говори

На Дарко Лазиќ јазикот му е побрз од паметот, па го стави во нови проблеми: Бившата – Ана, докажа дека тој лаже, а актуелната – Марина ги избриша сите нивни заеднички фотографии од социјалните мрежи!

На Дарко Лазиќ  јазикот му е побрз од паметот, па го стави во нови проблеми: Бившата – Ана, докажа дека тој лаже, а актуелната – Марина ги избриша сите нивни заеднички  фотографии од социјалните мрежи!

Марина Гагиќ сопругата на српската фолк ѕвезда Дарко Лазиќ, ги избриша сите заеднички фотографии со својот сопруг од социјалните мрежи.


Дарко во една емисија изјави дека не ја видел својата ќерка Лорена која ја доби во претходниот брак со Ана Севиќ, една година, што ја испровоцира пејачката да презентира докази дека Дарко сепак ја видел Лорена во јули.


Во емисијата „Премиера“, Лазиќ истакна и дека не сака кога Марина објавува лични работи од нивниот приватен живот на социјалните мрежи и дека сите кавги треба да останат меѓу четири sида.

Многумина се сомневаат дека токму тоа е причината што Марина потоа решила да ги избрише сите заеднички фотографии од Инстаграм каде што беше фотографирана со Дарко.

Очигледно на Дарко Лазиќ јазикот му работи побрзо од умот, па го стави во нови проблеми.

Останати вести од Радио Милева