Радио Милева
„ваква или таква“, ама на свој начин...

Мелита е убавица со „различни лица“, ама и дефинитивно „луда“: Впрочем, денес кој не полуди, тој не е нормален? (ВИДЕО)

Мелита е убавица со „различни лица“, ама и дефинитивно „луда“: Впрочем, денес кој не полуди, тој не е нормален? (ВИДЕО)

Некогаш познатата и мошне популарна ТВ водителка, денес уште попозната трендсетерка Мелита Ракичевиќ не престанува да биде во фокусот на вниманието иако оддамна не е дел од медиумите.

Затоа тука се социјалните мрежи, чија масовност и на нив нечија присутност се’ повеќе ја заменува телевизиската популарност, па така Мелита обилно користејќи ги не престана во континуитет да биде „ѕвезда“  во сечиј дом, на сечиј компјутер, лаптоп, таблет, мобилен…

Најмногу со својот се’ уште неодолив сексапил, фаталната привлечност, згодна и атрактивна, пожелна и провокативна, онаква каква што најчесто повеќето ја познаваат последниве години. Особено кога провоцира и предизвикува онака полуразголена, додека си ја допира и „дразни“ брадавицата, на пример!?

Но Мелита знае да биде и многу поинаква. На пример верна другарка и најдобра пријателка, со искрена љубов и отфорено срце кон оние што ги сака и почитува, цени и поддржува… Каква што беше на пример на свадбата на својата верна пријателка, некогашната пејачка и политичарка, Елена Ели Петковска, нодамна.

@melita_mel7♬ Ptica bijela – Dino Merlin

Или беспрекорно предедадена, добра и посветена мајка.

Нешто што го покажуваше барем досега кога е во прашање нејзината наследничка, нејзината ќерка Барбара, која недамна стана полнолетна и наполни 18 години!

Но, Мелита понекогаш знае да биде и неприлагодена, „луда и откачена“!

До душа не баш често можеме јавно да ја видиме во вакво издание, ама сепак…

Понекогаш скопската трендсетерка знае да ги покаже „сите свои лица“, па така и ова, во необично издание, но сепак со мерка.

Малку имитација со глупирање, онака од чиста зафрканција заради рзбивање монотонија и релаксација и малку јавно внимание или едноставно…  Денес кој не полуди, тој не е нормален?

@melita_mel7♬ original sound – srdzans

Фото: Инстаграм принтскрин/melitameli

Видео: ТикТок

Останати вести од Радио Милева