Промотер

Мартинијан Кириловски добро знае дека кармата наплаќа се’, секоја грешка и грев во – „Крал и слуга“ (ВИДЕО)

Мартинијан Кириловски добро знае дека кармата наплаќа се’, секоја грешка и грев во – „Крал и слуга“  (ВИДЕО)

Мартинијан Кириловски го објави видеозаписот за својата најнова песна „Крал и слуга“.

Прекрасната мелодија ја слушнавме на годинешниот Макфест, а сега можеме да уживаме и во видеото. Во него освен пејачот се појавува моделот, шармантната и заводлива Тамара Николовска. Режијата на видеото ја потпишува Марко Јовановски, а зад видеопроектот  стои филмското студио „Aperture Productions“.

Музиката и аранжманот се дело на Иле Спасев, кој ја снимил песната и ги изработил и миксот и мастерингот, додека а зад текстот се потпишува познатиот  Тајзи.

Спотот е објавен на каналот на Гранд продукција, откако Мартинијан потпиша договор со нив, по големиот успех кој го постигна при учеството во нивното регионално, музичко, талент шоу натпреварување, „Ѕвездите на Гранд“.

Како звучи и изгледа макфестовската љубовна приказна на Мартинијан Кириловски во која тој е „Крал и слуга“, проследете во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):