Промотер

Марија Спасовска како божица на убавината и љубовта во нејзината – „Венера“ (ВИДЕО)

Марија Спасовска како божица на убавината и љубовта во нејзината – „Венера“ (ВИДЕО)

Деновиве новата надеж на македонската музичка сцена, младата Марија Спасовска ја промовираше најновата песна со наслов „Венера“.

Таа пред помалку од  три месеци дебитираше на годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии во Штип, „Макфест 2022“, каде веднаш со својот настап успеа да ги освои симпатиите на домашната јавност. Таму настапи со песната „Омилен“, која оттогаш, па досега се емитува на сите радио-станици ширум Македонија.

Инаку како и на претходните, така и на најновата „Венера“, Марија самата се потпишува како автор на музиката и стиховите на песната, додека аранжманот, миксот и мастерингот се дело на познатиот музички продуцент и аранжер, Иван Јованов – Ивајо.

Исто така Спасовска не ја промени и екипата која го работеше нејзиниот претходен видеоспот, па така и ова видео го потпишува тимот на „Urban Records“.

„Презадоволна сум од сработеното. Одамна ја имав напишано оваа песна и само го чекав вистинскиот момент. Соработував со продуцентот Ивајо, кој навистина се потруди и ги даде сите потребни украси за финалниот продукт да звучи вака. Планот за следната година ми е да бидам уште поактивна, а тоа значи повеќе песни, повеќе видеоспотови и задравје Боже, настапи…“ – изјави накусо младата Марија.

Во продолжение проследете како звучи и изгледа кога Марија пее за некој кој во љубовта се однесува како да е „паднат од Марс“ кон  божица на убавината, љубовта и животот – „Венера“ (КЛИКНИ ТУКА):