Промотер

Марија Спасовска има нова песна, која ќе ве „зарази“ од прво слушање… и тоа – „Опасно“! (ВИДЕО)

Марија Спасовска има нова песна, која ќе ве „зарази“ од прво слушање… и тоа – „Опасно“! (ВИДЕО)

Додека поголемиот дел од македонската музичка естрада „спие“, младата Марија Спасовска напорно работи и еве, за кратко време објави уште една нова песна.

„Опасно“ е насловот на новата нумера која за неполни два дена се најде на трендинг на Јутјуб со преку 30.000 прегледи, што е одлична бројка за толку кратко време.

Како и за претходните песни, така и на оваа автор на музиката и текстот е токму Марија, додека пак аранжманот е дело на Ивајо.

Марија и нејзиниот тим снимија и интересен видеоспот, кои го изработи екипата на„Урбан рекордс“, во кој покрај неа се појавуваат уште десетина други статисти…

Колку е „Опасно“ заразно заводлива мелодија, слушнете и погледнете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):