Промотер

Лани дебитираше, годинава блесна на „Макфест 2023“: Марија Спасовска има одлична песна и нескротлив – „Темперамент“ (ВИДЕО)

Лани дебитираше, годинава блесна на „Макфест 2023“: Марија Спасовска има одлична песна и нескротлив – „Темперамент“ (ВИДЕО)

Доколку втората вечер од фестивалот „Макфест 2023“ беше од натпреварувачки карактер, а не ревијален, младата пејачка Марија Спасовска без сомнение ќе освоеше награда…

Нејзината песна „Темперамент“ ги исполни и критериумите на познавачите на музиката и очекувањата на публиката, па Марија на крајот од нејзиниот настап доби громогласен аплауз и овации во преполната сала во домот на културата  „Ацо Шопов“ во Штип.

Денеска, 25.10. 2023 (среда) и официјално беше објавен спотот за песната на сите социјални мрежи и музички плаформи, кој и овојпат го изработи екипата на „Урбан Рекордс“, на чело со Гордан Божиновски.

„Мене ми е најважно тоа што на публиката и се допаѓа новата песна. Реакциите се одлични, коментарите исто така. Ќе бидам искрена и ќе кажам: Кога одбирав која песна да ја пријавам на „Макфест“ песната „Темперамент” зазвуче како потенцијален  хит и затоа очекувам да биде слушана … Среќна сум што наиде веднаш на прием кај публиката која ми подели силен аплауз  во салата во Штип“ – изјави Спасовска по настапот на „Макфест 2023“.

Инаку, Марија не запира тука, таа со својот тим веќе полека работат и на новиот проекот, а до тогаш  можете да ја слушате и видите на настапите ширум нашата земја.

Во меѓувреме уживајте во видото од нејзиниот макфестовски „Темперамент“.