Радио Милева
надвор од планетава...

Марија Груевска не е само „принцеза за на сцена“, туку е и „татина принцеза“, а еве и зошто?! (ВИДЕО)

Марија Груевска не е само  „принцеза за на сцена“, туку е и „татина принцеза“, а еве и зошто?! (ВИДЕО)

Со своите оригинални настапи и модни комбинации, битолчанката Марија  Груевска  остави посебен впечаток во регионалното музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Една од најконтроверзните, но и најоригинални учеснички на „Гранд“ сцената која уште со самата појава во музичкото шоу, пред да запее  знаеше да го привлече вниманието. Од круг во круг се појавуваше во различни, најчесто шокантни модни комбинации, со однапред смислан настап, со посебен, оригинален стајлинг, па Јелена Карлеуша затоа и ја нарече македонска Ким Кардашијан.

Нејзините појавувања никого не оставија рамнодушен, а за целиот концепт бил задолжен нејзиниот татко Дуле кој е инаку е свештено лице.

„Кога ја познавате својата ќерка, тогаш знаете што има во себе и што може да покаже. Јас знаев што Марија сака, таа сакаше да ја претстави жената како повеќеслојна личност и јас се трудам тоа да го претстави на најдобар можен начин“ – изјави тогаш таткото на Марија и откри дека ги прифаќа сите нејзини предлози.

Но дека Марија дарбата за пеење само од Бога не ја добила, туку и од татко и нешто наследила, беше јасно уште од порано, но овој пат Марија и отец Дуле на дело тоа го демонстрираа.

Дека не е само „принцеза за на сцена“ туку е и „татина принцеза“ Марија покажа во едно споделено заедничко видео со нејзиниот татко. Отец Дуле со гитарата в рака, на плажа, со неговата „принцеза“ во дует  „Некаде надвор од планетава“… Како Дадо Топиќ и Слаѓана Милошевиќ своевремено, таткото и „татината принцеза“ ја изведоа познатата несудена евровизиска „Принцеза“, па ја споделија на социјалните мрежи.

Чија е оваа идеја и предлог не знаеме, ама затоа знаеме како изгледа и звучи кога не само на сцена туку и во песна, како и во животот впрочем, ти си… „татина принцеза“!

 

Останати вести од Радио Милева