Радио Милева
радост најголема

Македонскиот фолк пејач и учесник во „Ѕвездите на Гранд“ стана татко: „Се роди нашиот принц, ти благодарам Господе!“ (фото)

Македонскиот фолк пејач и учесник во „Ѕвездите на Гранд“ стана татко: „Се роди нашиот принц, ти благодарам Господе!“ (фото)

Велешанецот Александар Темелков и неговата сопруга Сара Срезоска станаа родители за прв пати – им се роди син.

Фолк пејачот за убавата и среќна вест се пофали на својот Инстаграм профил каде соопшти дека го добиле најубавиот дар од Бога.

„Почитувани фанови и пријатели, јас и мојата сопруга Сара станавме родители. Ни се роди нашиот принц, ти благодарам Господе за овој дар“, напиша Александар на својот Инстаграм профил.

Гордиот татко пред три месеци обзнани дека со саканата чекаат принова, а позираа заедно покажувајќи го и трудничкиот стомак со бебето во најава.

Александар Телелков кој минатата сезона учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“ летово ја запроси неговата сакана, а свадбата ја планираат за претстојното лето.

Честитки!

фото:Instagram printskrin/ aleksandar.temelkov_official/ You Tube printscreen/ Zvezde Granda

Останати вести од Радио Милева