Промотер

Луна, е директна: „Баш ти стои мојот… Кармин“ (ВИДЕО)

Луна, е директна: „Баш ти стои мојот… Кармин“  (ВИДЕО)

По темата „Kуш“ со која дваесет и едно годишната убавица Луна Ристиќ или скратено само Луна (Lunna), дебитираше на македонската музичка сцена, вториот женски артист на Урбан Рекордс,  има нова песна. Убавицата која ветува многу деновиве го направи следниот чекор објавувајќи ја авторската „Кармин“, која разбирливо и овој пат е визуелизирана со урбано видео.

Музиката е во истиот стил во кој Луна започна, а неа и стиховите како и за дебитантската и за оваа песна ги напишала самата млада, урбана кантавторка, додека аранжманот и битот го потпишува Cheketzbeats. Миксот и мастерингот стандардно се дело на постојаниот соработник на „Урбан рекордс“ – Иван Јованов – Ивајо.

Видеото и овој пат, вообичаено кога се ексклузивците на Урбан рекордс во прашање, одново го изработил Гордан Божиновски – „Год Ај Продукција“. Во него младата убавица го истакнува сиот свој сексапил и еротска привлечност, но не на вулгарен, туку на еден многу суптилен начин во модерен и урбан арт пристап. 

Инаку, за потсетување, приватно Луна е инструктор по скијање, и во моментот па се до месец март работи во еден од најпопуларните зимски центри во регионот – Копаоник, соседна Србија.

Погледнете го видеото и внимавајте… со чиј „Кармин“ на себе се враќате дома. Овој што следува во продолжение е на… Луна.