Радио Милева
љубовна јога хармонија

Лејла и Билбилов се „асинхроно компатибилни“: Тој неа ја натера да пропее, а таа нему му го преврте животот наопаку! (ФОТО)

Лејла и Билбилов се „асинхроно компатибилни“: Тој неа ја натера да пропее, а таа нему му го преврте животот наопаку! (ФОТО)

„Да, вистина е дека сме заедно. Среќни сме и убаво ни е. Но, не би правеле фама околу нашата врска. Важно е дека нас ни е убаво“ – беше изјавата со која  јога инструкторката Лејла Рамковска „ја призна“ љубовта со музичарот, композитор, пејач и продуцент – Роберт Билбилов.

Иако се познаваат уште многу оддамна, од времето на „А1“ телевизија во сопственост на нејзиниот татко Велија Рамковски, љубовната искра дури сега го запали оганот на љубовта и страста. Обајцата со по еден пропаднат брак зад себе но и горди родители, откако Роберт по пет години брак се разведе од манекенката Ана во 2018 година и од бракот го имаат синот Давид, додека Лејла беше во брак со Сефер Цановски со кого имаат две деца, а се разделија пред пет години. Дали токму ваквиот статус го подгреа стариот оган кој можеби тлеел уште од времето на А1 телевизија или случајната средба, близината и сличните животни судбини  направиле пријателството да заврши со повеќе од тоа што дотогаш било, јавноста ќе знае само откако некој од обајцата прв ќе ја овори душата.

Засега она што може да се види е дека две сосема различни души со различни сфери на интерес, сепак одлично функиционираат како „асинхроно компатибилни“.

Таа поборник на здрав живот и балансирана исхрана, на хармонија помеѓу телото и духот, не само како инструктор туку и како десетгодишен јога практикувач на себе. Во скалд и соработка со природата, баланс на материјалното и духовното кое води до совршено здравје и самостојно просветлување… Зен!? Сепак со мала, скриена уметничка жичка во себе – страста кон цртањето.

Тој уметник, боем во душа, емотивец во срцето, музички од Бога надарен генијалец, чии гени за оваа уметност му ги пренел неговиот татко, познатиот композитор и музичар, покојниот Хилми Билбил. Човекот кој ја напиша македонската „новосоздадена народна ода на патриотизмот“, песната „Бисер Балкански“.

И сега ако се запрашате колку е тој по јогата или спортот, а таа по музиката, колку е Билбилов по здравиот живот кога мора со часови, неретко и по цели ноќи да седи во студио или кога настапува по ноќните клубови и дискотеки, а колку е Лејла по музиката и пеењето, тоа би изгледало како „неспоив спој“. Е, арно ама, изгледа дека не е баш така…

Понекогаш токму дијаметрално различните карактери со дијаметрално различни навики, сфаќања и интереси, можат да бидат сродни души и како плус и минус да се привлекуваат… Да се залепат еден за друг како магнет, а потоа…

Потоа полека едниот од другиот да почне да поприма, како сунѓер да апсорбира и впива од она што дотогаш можеби му било незамисливо. Впрочем, погледнете ги фотографиите на вљубените гулапчиња и многу тоа ќе ви стане појасно како функционираат Билбилов и Лејла.

Ако убаво ја заслушате најновата песна на Билбилов насловена „Тебе“, ќе можете да ги слушнете и придружните вокали во неа. Е токму оној женскиот, го пее никој друг туку таа – Лејла Рамковска. Ако ви е чудно, прочитајте што пишува под видеото за песната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Bilbilov (@justrbproduction)

А, Билбилов повеќе нема да го видите само како јури низ град со автомобилот…

Руралните патишта во скопската околина сега се негови друмови на љубовта. Лејла е девојката со точакот, а оној другиот што ѕирка на фотографијата е токму тој…

Шарените „убавици“  во позадината се само рурален фолклор што го надополнува кадарот на фото – композицијата.

Конечно, тој неа ја натера да пропее, а таа нему му го преврте животот наопаку!

Сега музичарот и покрај сета слава, прифати и да дуби на глава! И тоа од прва…!

Фото: Инстаграм/justrbproduction/lejlaramkovska

 

 

Останати вести од Радио Милева