Промотер

Лара, Јован и Ирина ја промовираа „My life ahead of me” со која ќе ја претставуваат Македонија на детскиот Евросонг 2022 во Ерменија (ВИДЕО)

Лара, Јован и Ирина ја промовираа „My life ahead of me” со која ќе ја претставуваат Македонија на детскиот Евросонг 2022 во Ерменија (ВИДЕО)

Eксклузивна премиера на песната „My life ahead of me” (Животот е пред мене) со која Македонија  ќе биде претставена на  претстојната „Детска Евровизија 2022“ се случи вчеравечер, 3-ти ноември во Дневник 2 на МРТ.

Песната „My life ahead of me” (Животот е пред мене) со која Лара, Јован и Ирина ќе ја претставуваат Македонија на Јуниорскиот Евросонг во Ереван по промоцијата во Дневник 2 на првиот програмски сервис на МРТ, веќе од 20:30 часот со видеозаписот стана достапна онлајн на официјалната Јутуб платформа на Junior Eurovision Song Contest.

Автор на песната „My life ahead of me” (Животот е пред мене) е маестро Симон Трпчески, музички продуцент е Дарко Димитров, а текстот е заедничко дело на Јован Трпчески и Лара Трпческа.

На евровизиската сцена на која годинава ќе се пее под мотото: „Завртeте ја магијата“, нашите мали претставници ќе застанат на 11-ти декември во Ереван, по победата која Малена ѝ ја донесе на Ерменија.

Ерменскиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма.

Директен пренос ќе има и на програмите на Македонската Радио Телевизија.

Доколку се’ уште не сте ја слушнале и виделе видеото, проследете ја  „My life ahead of me” (Животот е пред мене)  во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):