Промотер

Лара Иванова во магична изведба опиша како изгледа кога во љубовен неповрат заминува една – „Душа“ (ВИДЕО)

Лара Иванова во магична изведба опиша како изгледа кога во љубовен неповрат заминува една – „Душа“ (ВИДЕО)

Сѐ уште пристигаат пофални зборови за одличниот настап и фантастичната интерпретација на младата пејачка Лара Иванова на годишниот фестивал “Макфест 2021”, кој неодамна се одржа во Штип.

Лара буквално ја “разнесе” сцената во Штип со нејзината изведба на песната “Душа” и ги освои симпатиите на присутната публика, но и оние пред малите екрани. Многумина дури ја прогласија и за морален победник на фестивалот, иако таа ја освои само наградата за вокална интерпретација.

Инаку “Душа” е музичко дело создадено од Иле Спасев и Робин Зимбаков, кои уште еднаш докажаа дека се одличен тандем. “Душа” доби и музички видеоспот кој исто како и за претходната песна на Лара, го потпишува режисерот Владимир Митревски – Ѓуле.

– “Душа” мислам дека има душа и баш поради тоа ја освои публиката. Точно е, Иле и Робин направија магија и јас сум презадоволна. Вистина е дека реакции добивам секојдневно и тоа премногу ме радува. Мислам дека нема поголема награда за еден пејач или артист кога ќе види дека неговото дело е одлично прифатено од пошироката публика“ – вели Лара.

Како изгледа аудиовизуелниот пакет на нејзиното макфестовско остварување, проследете во продолжение: