Радио Милева
важно да е весело

Марија Луиса покаже дека и пејачките имаат душа: „Кралицата на бакшишот“ и другарките седнаа да слават, па откако песната ја погоди, го направи она, што најчесто нејзе и го прават (ВИДЕО)

Марија Луиса покаже дека и пејачките имаат душа: „Кралицата на бакшишот“ и другарките седнаа да слават, па откако песната ја погоди, го направи она, што најчесто нејзе и го прават (ВИДЕО)

За Марија Луиса Тодоровска е оддамна познато дека важи за „кралица на бакшишот“. Пејачката едноставно е магнет за кој „се лепат пари“ па речиси и да нема настап на кој гостите не ја опсипуваат со домашни или странски банкноти, кои како што некој рече, фолкерката знае како да им ги извлече не само со пеење, туку и со вештината на своето естрадно умеење.

А тука сексапилната битолчанка е неприкосновена, како ниту една друга пејачка! Зашто кога ќе ги погоди со песната, па уште ќе знае со нив да ја сподели и емоцијата, сеедно дали е тажна или весела, гостите во тие моменти се претвораат во дарежливи клиенти, на кои заедно со гласот на пејачката од звучниците, банкнотите сами им излегуваат од паричниците!

Затоа Марија е вистинска „ бакшиш кралица“ кога е во прашање умешноста на професијата!

Арно ама, сте се запрашале ли некогаш, како и е нејзе? Знае ли таа да се весели и забавува? Може ли и неа да ја погоди песната? Ужива ли понекогаш и самата во она што секојдневно го прави за туѓо уживање и разонода?

Во последно споделеното на своето Инстаграм стори, Марија Луиса Тодоровска покажа дека со другарките седнаа да слават, па откако песната ја погоди, таа го направи она, што најчесто нејзе и го прават!

Иако за викенди обично Марија има ангажмани,  сепак успеа да го мине дождливиот ден со другарките… Само онака заради дружба и дневен провод или нешто да прослават – сеедно, важно да е весело.

Кафеана без мезе и ракија разбирливо – не бидува, како и забава без песна.

А кога свирачите ќе ти ја погодат песната, паричникот сам се отовра за да го сподели бакшишот со музиката! Та било тоа и од портмонето на Марија, која покажа дека и пејачките имаат душа… И тоа широка. А и дарежлива рака!

Една, па уште една и уште една… Илјадарките сами летаат! Ама, кому му е гајле, важно да е опуштено и весело! Само тоа остава траен печат во срцето!

Фото и видео: luisa.todorovska

Останати вести од Радио Милева