Промотер

Лара Иванова само во стиховите на новата песна е – „Осамена“ (ВИДЕО)

Лара Иванова само во стиховите на новата песна е – „Осамена“ (ВИДЕО)

Oваа 2021 година е  е дефинитивно успешна за младата пејачка Лара Иванова. Со нумерата „Некогаш ќе помине“, која ја објави пред само пет месеци, таа веќе ги освои симпатиите на публиката.
Потоа следуваше „Кој е сега крив“, песна со која исто така ги доби аплаузите од музичките критичари, а се разбира и оние најважните, а тоа се слушателите.

Таа сега на социјалните мрежи  и „Јутјуб“ каналот, ја промовираше нејзината најнова песна.

„Осамена“ е насловот на новата композиција, позади која повторно се потпишува истиот тим како и за претходните песни. Иле Спасев ги напишал музиката и аранжманот, додека како автор на текстот стои името на Робин Зимбаков.

Се разбира, Лара и овојпат не го криеше задоволството за оваа соработка.

„Песната е во брз, модерен ритам, во стилот на двете мои претходни песни „Некогаш ќе помине“ и „Кој е сега крив“ кои одлично поминаа кај нашата, но и странската публика, па затоа решив да продолжам во тој правец. Можам да кажам дека веќе имам создадено свој круг на публика која ме поддржува и со нетрпение ја чека секоја моја нова песна, а тоа секако ме охрабрува и поттикнува да продолжам да работам на создавање на нови песни, нови проекти и соработки“ – вели младата Лара.

Режисер на овој видеоспот за „Осамена“ е Владимир Митревски – Ѓуле, на кого му е прва соработка со младата ѕвезда, а идејата за истиот била заедничка.

„Спотот за ‘Осамена’ е снимен во студио, идејата беше заедничка – моја и на Ѓуле, и можам да кажам дека успеавме да ја доловиме енергијата која сакавме да ја прикажеме. Јас сум презадоволна од соработката со сите оние кои беа вклучени во изработката на спотот, снимањето беше многу забавно и интересно, а крајниот производ – одличен“ – истакнала Лара.

Инаку Лара не планира да го намали темпото на работа, затоа  во иднина од неа, очекувајте само квалитетна музика.