Промотер

Лара Иванова има ново – „Ремек дело“ (ВИДЕО)

Лара Иванова има ново – „Ремек дело“ (ВИДЕО)

Со брз ритам за играње и сцени како од најубавиот холивудски филм, новиот проект „Ремек дело“ на младата пејачка Лара Иванова е дефинитивно моќна порака до публиката дека треба да се вложува во македонската модерна музика.

Масовна продукција и интригантното сценарио во кое младата пејачка ги покажува и своите танчерски способности заедно со членовите од училиштето за хип хоп и модерни танци „Break a leg “, кореографија на Миа Ристевска, зборуваат за нешто сосема различно и нешто ново на македонската музичка сцена кое може да се мери со светските музички проекти.

Фузијата на сексапил и уметност, преку брзата промена на кадри и секогаш присутниот фактор на изненадување, го карактеризира овој видео-спот како Светски продукт, а во кој ЛАРА уште еднаш го потврди статусот на една од идните македонски поп ѕвезди.

На почетокот и на крајот на песната, со јасна порака до младата публика, водителката Сандра Јовановска апелира сѐ почесто да се слуша македонска музика.

Спотот за песната со филмски сцени – дело на Ѓорѓи Вацев, е нешто сосема поразлично од сѐ што сме можеле да видеме до сега. Песната има моќ ве подигне, да ве натера да танцувате и да се препуштите на убавината на звуците. Текстот, како и досега во песните на Лара, е збир од стихови кои креираат содржина достојна за паметење навек, а овојпат и зачинет со нејзин удел.

„Ремек дело” е создадено од Лара, македонскиот музички продуцент Дарко Димитров и Робин Зимбаков, кои уште еднаш докажаа дека македонската музика има иднина.

Дали е тоа така, проследете, па проценете сами во од новото „Ремек дело“ на Лара: