Радио Милева
приватен рај

Купатило во мермер и тераса од која застанува здивот: Влезете во луксузниот стан на Саша Ковачевиќ (фото)

Купатило во мермер и тераса од која застанува здивот: Влезете во луксузниот стан на Саша Ковачевиќ (фото)
фото:саша ковачевиќ/принтскрин/инстаграм

Во луксузниот кварт на Нови Београд се крие оаза полна со љубов, музика, вкус и уште подобро расположение. Саша Ковачевиќ пред неколку години купил стан во елитен комплекс кој содржи се што му треба на човекот на 21 век, а меѓу познатите соседи се Новак Ѓоковиќ, Милица Павловиќ, Филип Краиновиќ, Милица Тодоровиќ.

Животниот простор што може само да се посака, популарниот пејач го дели со неговата девојка Зорана Тасовац, со која е во врска шест години, и нејзината ќерка Искра. Декориран е во модерен стил, секој детаљ е внимателно одбран, секој агол крие посебна енергија.

 

„Штабот“ е голема дневна соба, удобна и полна со светлина. Преовладуваат топли, неутрални бои, а кога ќе влезете, првото нешто што ви го привлекува вниманието е големиот аквариум. Совршена „жива“ декорација со смирувачки ефект. Во станот има и студио, „канцеларијата“ на Саша, на која посебен шарм му дава бело пијано.

Во овие летни денови терасата е веројатно омилениот дел од станот. Има удобен мебел во бели и сиви тонови, застаклена ограда, како и фасцинантен поглед на Сава, новиот мост и „стариот“ Белград во далечината. Совршено место за романтична серенада со гитара или уживање во добра книга.

А бањата е катче за хедонизам. Иако тоа е просторијата во која поминуваме најмалку време, важно е таа да ги задоволува сите наши желби и потреби. Саша се одлучил за мермер.


Овој префинет материјал се смета за кралски камен, кој на секој простор му дава допир на гламур, елеганција и луксуз.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева