Живот и Стил

Кремаста и сочна: Рецепт за торта со чоколадо и малини без печење

Кремаста и сочна: Рецепт за торта со чоколадо и малини без печење

Потребни состојки:

200 грама бисквити
160 грама путер
440 грама крем сирење
300 грама темно чоколадо
250 грама слатка павлака
малини или други бобинки по избор

Начин на подготовка:
1. Сомелете ги бисквитите и додадете 60 грама растопен путер. Добро измешајте ја смесата и префрлете ја во сад за печење кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.

2. Во друг сад изматете 440 грама крем сирење со 100 грама путер. Додадете 200 грама растопено чоколадо и мешајте додека смесата не се изедначи. Настрана изматете 150 грама слатка павлака и додајте во смесата со кремот и чоколадото. Добро промешајте.

3. Додајте го кремот врз основата и оставете го колачот во фрижидер околу 30 минути.

4. Измешајте 100 грама чоколадо со 100 грама павлака. Прелијте го колачот со оваа смеса и декорирајте го со малини.

На здравје!

Извор: atma.hr/кафепауза