Живот и Стил

Колку антитела се потребни за заштита од сите соеви на коронавирус?

Колку антитела се потребни за заштита од сите соеви на коронавирус?

Потребни се 150 единици антитела за да се спречи зaболување со првичниот сој на Ковид-19 кај човекот. Односно, за да може имунолошкиот систем да ги надмине мутациите на вирусот – на пример Делта-сојот, бројот на антитела треба да биде најмалку еден и пол пати повеќе, смета рускиот доктор за заразни болести, Евгениј Тимаков.

Според тоа, нивоата од 500 и повеќе единици антитела обезбедуваат совршена заштита од сите видови и мутации на вирусот. Најагресивниот сој е Делта, но со над 300 единици антитела, едно лице може да се заштити од него. За претходните соеви на вирусот, како што е првичниот сој од Вухан, доволни се 150 антитела, посочуваат испитувањата.

Истажувањето е спроведено во Москва меѓу повеќе од 4.000 тестирани пациенти.

извор: Курир.мк/миа