Мегафон
тажна вест

Почина Корнелије Ковач: Хитови за сите времиња – пишуваше за „Корни група“, Чола, Брена, Оливера…

Почина Корнелије Ковач: Хитови за сите времиња – пишуваше за „Корни група“, Чола, Брена, Оливера…

Српскиот композитор Корнелије Ковач почина на 81-годишна возраст во Белград како последица на коронавирус. Корнелије Ковач беше композитор, пијанист, аранжер, продуцент.

Тој ја напишал својата прва композиција „Пустински тротоари“ на четиринаесетгодишна возраст.

Кариерата ја започнал во 1961 година, дипломирал на Музичката академија во Сараево и бил дел од многу оркестри. Во 1966 година станува член на познатата група „Индекси“.

„Групата Корни“ ја основа во 1968 година во Белград.

Корнелије соработувал со многу големи музичари, некои од нив се: Оливера Катарина, Бисера Велетанлиќ, Неда Украден, Мики Јевремовиќ, Миша Марковиќ, Лепа Брена, Здравко Чолиќ…

Неговиот креативен опус е голем, ги направи најголемите хитови кои го одбележаа минатиот век.

Некои од најголемите хитови на Здравко Чолиќ ги направи Корнелиј и тоа: „Април во Белград“, „Живееш во облаци“, „Ја викав Емили“, „Една зима со Кристина“, „Једина“, „Унгарска“, Таа спие“, „Дење пеам, ноќе пеам“, „Сè можеш“, „Ти си во мојата крв“.

За југословенската рок група „Генерација 5“ направи нумери по кои сите ќе го паметиме овој бенд и тоа: „Само биди доволно далеку“, „Уморен од сè“.

Покрај тоа, тој направи музика и за многу филмови, како што се: „Луди години“, „Дојде време да се проба љубовта“, „Треска на љубовта“, „Волонтери“, „Чавка“, „Непобедливо срце“, „Липите цветаат на Балканот“.

Фото:Принтскрин/Стефан Томашевиќ/Ата Имаџес